Кошаркарската Евролига го објави натпреварувачкиот календар за новата сезона 2023/24, во која првпат ќе се игра плеј-ин турнир.
Вчера дознавме дека во елитното натпреварување ќе играат истите 18 екипи како и минатата сезона, а новитет е плеј-инот, на кој ќе играат екипите пласирани од седмото до десеттото место, по 34 кола од регуларниот дел и борба за преостанатите две места во плеј-офот.
Новата сезона ќе стартуваат на 5 и 6 октомври, додека лигашкиот дел од сезоната завршува на 11 и 12 април 2024 година. Распоредот вклучува седум двојни кола.
Плеј-ин натпреварите ќе се играат на 16 и 19 април. Плејофот во Евролигата ќе започне на 23 и 24 април, а ќе заврши на 30 април или најрано на 1 мај, а најдоцна на 8 мај.
Фајнл-форот е на програмата од 24 до 26 мај во Берлин, а шампионската титула ќе ја брани Реал Мадрид.