Еден од најдобрите македонски фудбалери, Аријан Адеми капитенот на Динамо Загреб, најавив дека и во иднина ќе го носи црвено-жолтиот дрес на Македонија.
Во интервју за „Германијак“, Адеми откри дека неговата приказна со националниот тим не е готова и дека повторно ќе го облече репрезентативниот дрес.
„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Сакам, можам и ќе го направам тоа. Зборував со селекторот, сака да бидам таму и таму ќе бидам. Тешко ми е да се простам затоа што таму е одлична група на луѓе, играме за својата земја, се пласиравме на последното ЕП, а сакаме тоа да го направиме уште еднаш, иако не сме во лесна група“, изјави Адеми.
Шпекулациите дека Адеми се повлекува од македонската репрезентација, излегува откако тој ги пропушти последните неколку натпревари поради повреда.