Кошаркарите на Црвена Звезда по вечерашниот триумф во третиот натпревар од финалето на АБА лигата над „големиот ривал“ Партизан со 91:78 намалија на 2:1 во победи за противникот.
Следниот натпревар од финалната серија ќе се игра во вторник и повторно Црвена Звезда ќе биде домаќин.
Првите два периода им припаднаа на гостите кои ги добија минимално, 21:19 и 20:19, додека „црвено-белите“ успеаја да се вратат резултатски во третиот период откако го добија со 24:18. Во последниот период Ц.Звезда успеа да стигне и до двоцифрена предност со што ја најави победата.
Немања Недовиќ кај домаќините беше најефикасен со 19 поени, додека кај Партизан најпрецизен Данте Ексум со 16 поени.
Инаку, натпреварот доцнеше со почетокот поради фрлање на предмети на теренот.