Холандскиот Ф1 пилот Макс Верстапен, победи на осмата трка во сезоната што се возеше за ГН на Канада на патеката Жил Вилнев.

Лидерот кај пласманот на возачите, стигна до 41-та победа во кариерата со која се израмни со легендарниот Аиртон Сена по бројот на победи, возејќи фантастично и во квалификациите и на трката во Канада, прва која се вози оваа сезона на американско тло.

Верстапен стартуваше од пол-позицијата и со сигурно возење стигна до шестатта победа во сезоната.

Место на подиумот имаше и за Алонсо од Астон Мартин и Хамилтон од Мерцедес.
Одлични на оваа трка беа двата возачи на Ферари, Леклерк и Саинц кои конечно завршија заедно една трка и се пласираа на четврттото и петотто место.

Бодови уште освоија и Перез, изненадувањето од Вилијамс Албон, Окон, Норис и Строл кој во фото-финиш го мина Ботас за да ја комплетира најдобрата десетка на оваа трка.
Најбрзиот круг на патеката го извозе Перез од Ред Бул и тоа во последниот круг и со тоа освои уште еден бод.

Па така во конкуренција на возачи Верстапен води со 195 бода, кој го зголеми водството пред својот клупски колега Перез на 69 бода, трет е Алонсо со 117, четврти е Хамилтон со 102, а петти Саинц со 68 бода.

Следната трка се вози за две недели на 2 јули каде Ф1 циркузот се сели во Европа во Австрија каде ќе се вози 9-тата трка во шампионатот на патеката Ред Бул Ринг.

Томислав Атанасовски