Црвената фурија на пенали 5:4, ја победи Хрватска и ја освои Лигата на Нации.По светската, европската и Олимпиското злато, Шпанија го додава и златото од Лигата на Нации.

Како што и се очекуваше, гледавме неизвесен натпревар, со силен интензитет и многу додавања на средината на теренот но мрежата останаа мирни па наместо 90 минути, гледавме 120, а потоа и пенали.

Јунак на Шпанците е голманот Унаи Симон кој ги одбрани пеналите на Маер и Петковиќ, по што му даде шанса на Карвахал да ја донесе титулата.

Хрватите повторно останаа без најсјаното одличие, па по среброто и бронзата на Светските првенства, сега ќе мора да се задоволат со среброто и во оваа натпреварување