Актуелниот шампион во Мото ГП, италијанецот Франческо Бањаја од Дукати ќе стартува од пол позицијата на утрешната 6-та трка од светскиот шампионат во мотоциклизам што овој викенд се вози во Италија на патеката Муџело. Тој беше најбрз во квалификациите со време од 1:44.855 минути.
Веднаш до него ќе биде Шпанецот Марк Маркез од Хонда кој го имаше второто најдобро време од 1:44.933. Третото место го зазеде неговиот брат Алекс Маркез, но поради казната ќе мора да стартува од шестото место. Па така трет во квалификациите заврши Џек Милер од тимот на Ред Бул КТМ.
Следуваат: Лука Марини, Хорхе Мартин, Марко Безеки, Алекс Еспаргаро, Зарко и Ринс, до 10-тата позиција.
Главната трка е закажана за утре (недела) од 14.часот каде ќе се вози 1001-вата трка во историјата на Мото ГП.
Томислав Атанасовски