3Х3 селекцијата на Македонија стигна до првата победа на квалификациите за Европскиот куп во Братислава.

По поразот од Австрија (22:17), во првото коло, нашите најдобри „баскетџии“ брзо се „рехабилитираа“. Беа подобри од содветната селекција на Унгарија која ја победија со 21:12/

Марко Дујковиќ доминираше со својата висина. Го заврши со осум реализации, Христијан Ристов имаше шест, Ервин Цого пет, а Милорад Миновски уште два поени за нашиот 3х3 национален тим.

Сега нашите „басктџии“ ќе го чека исходот од последниот меч од групата „Б“ во кој ќе се сретнат селекциите на Австрија и Унгарија.

Првопласираните две селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналната фаза од овие европски квалификации во 3Х3.