Тимот од Денвер славеше и во вториот натпревар од финалната серија на гостински терен кај Мајами, па сега „Нагетс“ ги дели само една победа до првата, историска титула.
Денвер славеше над „Хитс“ со 108:95 во четвртиот натпревар од плеј-офот и поведе со 3:1 во победи во серијата подобар до четири.
Покрај стандардниот Никола Јокиќ кој и на овој натпревар оствари дабл-дабл со 23 поени и 12 скока, сега одличен беше Ерон Гордон. Тој дуелот го заврши како најефикасен со 27 поени, на кои додаде по шест скока и асистенции.
Покрај споменатото дуо, се истакна и Брус Браун кој постигна 21 поен од клупата, а Џамал Мареј покрај за него скромните 15 поени имаше и 12 асистенции, со што стана првиот играч во историјата кој имал четири натпревари со 10 или повеќе успешни додавања во финалињата на НБА.
Листата на стрелци кај Мајами со 25, односно 20 поени ја предводеа Џими Батлер и Бем Адебајо, но немаа поддршка од останатите па „жешките“ го загубија и овој натпревар.
Така Денвер првата шанса за шампионската титула ќе ја има веќе на следниот натпревар што ќе го игра пред своите симпатизери во вторник наутро од 2:30 часот.