Интер вети дека ќе го „уништи“ тактичкиот планот на Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампионите во сабота.
Хакан Чалханоглу верува во својата екипа и се надева на позитивен исход од вечерашниот натпревар и тој вели дека Интер ќе го покаже она што го знае најдобро.
„Направивме некои анализи и важно е да ја играме својата игра. Играњето без страв е многу важно за нас. Ќе се форсираат и ќе играат многу офанзивно. Ќе им покажеме од што сме создадени. Доминиравме на натпреварите и се надевам дека ќе можеме да одиме и да го уништиме нивниот план за игра. Ќе дадеме се од себе.“ – вели играчот за врска на Интер, Чалханоглу.
Емотивно говореше и за неговиот роден крај, каде впрочем ќе се одржи и финалето од Лигата на шампионите.
„Ова финале ќе биде многу посебен натпревар за мене, посебно што се игра во Истанбул. Сакам целосно да уживам во овој момент. Не знам кога ќе играм финале повторно, посебно во Турција “, додаде турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу.
Спектаклот меѓу Манчестер Сити и Интер во Истанбул ќе започне во 21:00 часот.