Актуелниот АБА првак белградска Црвена Звезда ја оправда улогата на фаворит во дуелот до македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром и заслужено славеше победа со 80-57.
По израмнетото прво полувреме во кое црвено-белите на пауза заминаа со само три поени предност (33-36), решавачки Беше третиот период кој гостите од Белград го добија со 27-8.
Факундо Кампацо беше брилијантен во овој период погоди три тројки во низа со што ја направи клучната предност.
Аргентинецот, со 23 поени беше најдобриот стрелец на натпреварот, додека во сино-белиот табор, Вер со 16 и Војдан Стојановски со 13 беа најефикасни.
Црвена Звазда со 12 победи и само еден пораз останува лидер на табелата, а МЗТ за кого ова беше 12-ти пораз е последен.
И во следната рунда Аеродромци ќе имаат тежок противник, бидејќи гостуваат во Белград кај Партизан.