По очекуваниот поразот од фаворизираната Црвена Звезда, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ – Гаге, најави дека во наредниот период македонскиот шампион ќе има нови засилувања.

Осврнувајќи се на натпреварот, српскиот стратег потенцира дека пред МЗТ претстои тежок период, но верува дека сепак ќе се врати насмевката на лицата на навивачите на македонскиот првак.

Ќе се обидам да извлечам максимум, иако нè очекува пеколен распоред против исклучително силни екипи. Мора да играме и да се бориме, очекувам да се врати насмевката на лицата“, изјави Николиќ по натпреварот со Црвена Звезда.