Победа за Македонија во второто коло од Златната Европска лига откако вечерва во Скопје е совладана Белгија со 3:1 по сетови 25:21, 25:23, 17:25 и 25:21.
Во првиот сет македонските одбојкари имаа постојано водство од два до три поени, но противникот успеа да изедначи на 21:21. Тогаш на сцена беа Љафтов и Милев со серија од четири поени донесоа водство за нашиот тим од 1-0. Вториот сет почна со предност на Белгија, а во еден момент беше и +4 (11:7). Сепак Македонија при водство на ривалот од 20:17 и сервис на Маџунков успеа да поведе со 21:20. До крајот на сетот нашите одбојкари ја искористија предноста и притисокот кај противникот и сетот го добија со 25:23 за водство од 2-0.
Третиот сет почна лошо за нашиот национален тим со водство на Белгија од 5:1 по што селекторот Јошко Миленковски побара тајм аут. Белгија го најде ритамот и дојде до водство од 11:5. Кон средината на сетот Македонија ја стабилизира играта и намали на 17:14. Белгија направи серија од шест поени за 23:14 со што најави намалување водството од 2:1 во сетови. Третиот сет заврши 25:17 за Белгија.
Четвртиот сет почна изедначено, а Македонија поведе со 9:7 откако го освои најдолгиот поен во дуелот. По три разлика за Македонија 12:9 селекторот на Белгија побара тајм аут. Белгискиот селектор брзо го зема и вториот тајм аут по 15:10 за Македонија. Откако се играше поен за поен на сервис на Илиев, Македонија освои два поена за 21:14. Македонските одбојкари ја искорисрија петтата меч топка.
Во вториот дуел од групата Б Украина ја победи Хрватска со 3:0.
Во сабота во Скопје Македонија е домаќин на Хрватска.