Македонските одбојкари во својата деби сезона во силната Европска Златна лига ја остварија и првата победа.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ беше совладана селекцијата на Белгија со 3:1.

Одличната игра влева надеж дека нашите одбојкари можат и повеќе од она што го очекуваат пред стартот во ова натпреварување, па сега најискусниот капитенот Никола Ѓорѓиев почнува да „сонува“ и за самата заврница.

„Многу сум среќен за оваа победа. Малку да одмориме, па да анализираме.
Се надевам дека во сабота ќе направиме нова победа и оваа недела да ја завршиме со две победи,
па и да почнеме да сонуваме за фајнал-фор, зошто да не!“,
изјави по мечот Ѓорѓиев.

А, следната можност македонските одбојкари ќе ја имаат на повторно пред домашната публика во Скопје, веќе во сабота против селекцијата на Хрватска.