Екипите на Бутел и Голден Арт се пласираа во финалето на машката младинска лига. Во полуфиналните натпревари на завршниот фајнал-фор турнир што се одржува во Богданци, Бутел и Голден Арт ги совладаа екипите на Тинекс и Младост.
Бутел успеа да оствари победа над екипата на Тинекс со 22:20. Бутел во првата половина имаше благо водство и го одржуваше, а на полувремето замина со два гола позитива. Во второто полувреме иако ракометарите на Тинекс се обидуваа да израмнат, сепак тимот на Бутел не дозволи и ја сочува предноста за на крајот да слави со 22:20.
Во второто полуфинале Голден Арт ја совлада домашната екипата на Младост со 29:25.
Иако домаќините добро го отворија натпреварот и имаа четири гола предност, во 15-тата минута Голден Арт израмни на 8:8. Во продолжението гостите од Скопје ја предадоа и контролата над резултатот, па на одмор замина со два гола предност 15:13. Во втората половина Голден Арт ја одржуваше и зголемуваше разликата за на крајот да оствари победа со конечни 29:25.
Така денеска во дуелот за 3-место од 16:30 часот ќе играат Тинекс и Младост, а во финалето за шампионскиот трофеј во младинска конкуренција од 18:30 часот ќе се борат ракометарите на Бутел и Голден Арт.
Ивона Кимовска