Шампиониот во Италија, тимот на Наполи одигра нерешено на гостувањето кај Болоња, во натпревар во кој видовме дури четири погодоци, а домаќините се вратија од два гола негатива.
Најдобриот стрелец на Наполи и водечкиот на листата стрелци во Серија А, Виктор Осиме уште еднаш покажа дека се работи за напаѓач од врвна класа и со два гола речиси сигурно ја обезбеди Златната копачка во Италија.
Нигерискиот напаѓач во 14-тата и 54-тата минута во два наврати го совлада голманот Скорупски и донесе предност од 0:2 за својот тим.
И покрај негативата од два гола и инфериорноста на теренот, Тиаго Мота и неговата Болоња не се предадоа, па со неколку измени во вториот дел, воспоставија рамнотежа на теренот и почнаа да се закануваат кон голот на Голини.
Таквиот притисок вроди со плод во 63-тата минута кога Фергусон намали на 1:2.
Тренерот Мота, фрли се на една карта во финишот и дополнително го појача офанзивниот ред.
Токму резервистот Де Силвестри во 84-тата минута втор пат го матираше Голини и донесе бод за својата екипа против новиот шампион.
Македонскиот репрезентативец, Елмас поради жолти картони овој натпревар го гледаше од трбините.
Во последното коло Наполи на домашен терен против Сампдорија ќе ја заокуржи шампионската сезона.