Тимот на Торино, немаше милост на гостувањето кај Специја, тим кој се бори за опсатнок, па со убедливи 0:4 ги искомплицира работите во долниот дел на табелата, каде за опстанок се борат Специја и Верона.
Домаќините беа пред императив, победа која ќе им донесеше опстанок во елитата и следната сезона, но наместо претрпеа тежок пораз и сега работите не зависат од нив.
Торино поведе во 24-тата минута со автоголот на Висниевски, а кошмар за домаќините е Вања Милнковиќ Савиќ кој со феноменалните одбрани ги излуде противничките напаѓачи.
Сите надежи на Специја пропаднаа во финишот, па во рок од само три минути Торино два пати ја затресе противничката мрежа. Најпрвин Ричи во 73-тата и Илиќ во 76-тата за убедливи, 0:3.
Конечните 0:4 ги постави Карамо, во 96-тата минута.
Торино со оваа победа се искачи на осмата позција со 53 бода, додека пак Специја остана на 31 бод и 17 позиција, последното место кое носи опстанок, но сега тимот предводен од Семпличи ќе треба да чека услуга од Емполи, кој на домашен терен ја пречекува Верона.