Спектакуларно последно коло во Германската Бундес Лига донесе среќен крај за Баерн Минхен, кој поради подобрата гол разлика во однос на Борусија Дортмунд слави нова титула.

,,Милионерите” од Дортмунд имаа се во свои раце, предност од два бодаи домашен терен, но на крајот разочараа и со само нерешен резултат извисија во борбата за титулата, па од сигурно слваје до очај во 90 минути.

Мајнц дојде да игра за себе и својата чест и сосема заслужено замина непорезен од Дортмунд (2:2)

Баварците кои беа во подредена улога во пресретн на оваа коло, со гол во финишот дојдоа до трите бода на гостувањето кај Келн што на крај се покажа доволно за титула.

Херој на Баерн е младиот Мусиала, кој во 90-тата минута со прекрасен удар од 16 метри ја врати предноста и донесе 11 титула во низа и вкупно 33 за неговиот тим.

Марко Ројс останува без титула во Бундес Лигата.