Актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен од Ред Бул по трет пат сезонава ќе стартува од пол-позицијата.

Викендов низ улиците во Монте Карло се вози шестата трка во Формула 1 шампионатот, за Големата награда на Монако. Верстапен буквално во последните секунди од квалификациите, се избори за своја нова пол-позицијата која во тие моменти ја држеше храбро Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Веднаш зад нив двајца од вториот ред ќе стартуваат Леклерк од Ферари и Окон од Алпин.

Саинц заврши петти, Хамилтон е шести, а до 10-тото место се пласираа Гасли, Расел, Цунода и Норис.

Победникот од претходната трка, Серхио Перез имаше лоши квалификации. Мексиканецот уште во првата сесија заврши во банкината и го оштети својот болид па така утре ќе стартува од последното 20-то место.

Стартот на трката за Големата награда на Монако е закажана за 15 часот.

Томислав Атанасовски