Женскиот фудбалски клуб Топ Гол го освои првото место во Втората лига и се врати во Првата лига.
Ова значи дека битолчани следната сезона повторно ќе гледаат прволигашки фудбал во женска конкуренција.
Екипата на Топ Гол одигра моќна сезона и првото место го освои без пораз.
Може да се каже дека тренерот Кире Грбевски одлично си ја заврши својата работа со неговите девојки, а за тоа говорат нивните резултати.
Титулата беше потврдена на гостувањето во Валандово, каде што Топ Гол со високи 10:0 ја демолираа домашната екипа на Победа Валандово.
Филип Василевски