Најсилното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата, денеска ќе добие нов шампион.

Екипите на Реал Мадрид и Олимпијакос ќе се борат за шампионскиот трофеј во финалето на завршниот турнир што се одржува во Каунас.

„Кралевите“ кои се најтрофејниот тим на Стариот континент ја бркаа својата 11-та титула.

„Тимот е мотивиран да ја заврши оваа тешка сезона во Евролигата на најдобар можен начин и јас. Јас сум голем оптимист, иако знам дека нема да биде лесно, бидејќи Олимпијакос е врвен тим со одличен стручњак на клупата“, истакна тренерот на Реал, Матео Чус.

Олимпијакос кој чека 10 години на нова титула, а ќе атакува на четвртиот трофеј, ќе има тешка задача да ги израдува своите навивачи, иако сезоната ја заврши како најдобро пласиран, сепак ова е финале смета тренерот Јоргос Барцокас.

„Реал е врвен тим, го имаат Валтер Таварес како најдоминантни играчи во лигата многу ги почитуваме, но мислам дека имаме шанси. Клучот за успехот е силната одбрана и верувам дека преку силна одбрана ќе стекнеме голема самодоверба во напад“, вели Барцокас.

Кој ќе се радува на трофејот ќе видиме по финалниот натпревар што на програмата е вечерва од 19 часот

Претходно од 16 часот во дуелот за 3.место ќе играат Барселона и Монако.