Минхенски Баерн е поразен со пресврт на својата „Алијанц Арена“ од Лајпциг со 1:3, со што и дава голема шанса на Борусија Дортмунд да ја освои титулата во Бундес лигата.
Избраниците на Томас Тухел поведоа во 25.минута, кога Томас Милер проигра преку Серж Гнабри, кој одлично се снајде и погоди за 1:0.
Сепак, во вториот дел, гостите успеаја да направат комплетен резултатски пресврт.
Во 64.минута преку Конрад Лејнер израмнија на 1:1, а потоа целосно во 76.минута од пенал со голот на Кристофер Нкунку и да поведат.
Конечниот резултат 3:2 за Лајпциг беше поставен во 86.минута, исто така од 11 метри, а овојпат егзекутор беше Доминик Собослаи.
Со овој резултат Лајпциг го осигура третото место на табелата, Баерн остана на првото, но само со бод повеќе од Борусија Дортмунд која утре гостува кај Аугсбург, па во случај на победа „милионерите“ ќе го преземат првото место на табелата на коло пред крајот.