Росонерите со убедлив триумф и петарда против Сампдорија се вратија на победничките патеки

Избраниците на Стефано Пиоли со лесна победа повторно се вклучија во битката за топ 4.

Португалецот Рафаел Леао во деветататта минута донесе предост за домаќините.Гостите од Џенова преку ветеранот Кваљарела во 20-тата минута изедначија на 1:1, но тоа беше се што направија на овој натпревар.

Следуваше период на Оливие Жиру кои со два гола во 23-та и 29-тата донесе сигурна предност.Доминацијата на Милан продолжи и во вториот дел па преку Диаз во 63 и третиот погодок на Жиру во 69-тата дојдоа до убедливи 5:1.

Со оваа победа Милан дојде до 64 бода и повторно се во игра за четвртото место