Ракометарите на Вардар ја загубија титулата шампион и теоретски откако вечерва на гостувањето во Кавадарци со Тиквеш одиграа нерешено 32:32 (18:15). Со овој резултат Еурофарм Пелистер откако победи на гостувањето во Охрид против истоимениот домашен тим 28:25 има веќе недостижна предност од пет бодови на едно коло до крајот.

Вистинска драма имаше на теренот во Кавадаци, каде Тиквеш на полувреме водеше со 18:15 против Вардар, а во првиот дел кавадарчани водеа и со 15:10. Вардар во вториот дел ја врати неизвесноста и изедначи на 22:22, а потоа и на 23:23, за веќе во следната минута и да поведе со 24:23 и 25:24. Но тоа не ги намали надежите на домашниот тим за сензација и со серија од 3-0, поведоа со 27:25. Двете екипи се менуваа во водство, а во завршницата најчесто Вардар ја имаше предноста од еден гол, но не ја зачува, пред се затоа што последниот напад кои кавадарчани го играа „7-6“ со го заврши Страхиња Симиќ што беше изедначување 32:32. Вардар во ноколкуте секунди кои останаа не постигна гол.

За Симиќ тоа беше 10.ти гол, исто колку што постигна и Дејан Манасков кај Вардар.

На нерешениот резултат се радуваа навивачите и играчите на Тиквеш, кои имаат три бодови повеќе од Охрид и го обезбедија четвртото место на табелата. Но, радост има и во Битола бидејќи Еурофарм Пелистер славеше победа на гостувањето кај Охрид и веќе обезбеди недостижна предност. Пелистер победи во Охрид со 28:25, а најефикасен со 9 голови беше Цветан Кузманоски.

Е.Пелистер е нов шампион со 39 бодови, или пет повеќе од вториот Вардар со 34 и Алкалоид има 33. Воедно во последното коло Алкалоид со победа над Вардар има шанса да го мине на табелата.

За Пелистер ова е титула број 7 или прва по пауза од 18 години и 2005 година.