Овој викенд е збогатен со завршниот „фајнал-фор“ турнир во женската младинска ракометна конкуренција.
Денес ќе се одиграат два полуфинални натпревари во конкуренцијата за ракометарките родени 2004 годиште.
Завршниот турнир во женската младинска лига нуди возбудливи полуфинални натпревари што ќе остават спортските фанови во истовремено исчекување и возбуда. Два одлични натпревари се пред нас, во кои ќе се сретнат Ѓорче Петров и Шампион, односно и Вардар и Металург, со цел да си изборат место во големото финале. Сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала ,,Христо Батнџиев”.
Првиот полуфинален натпревар го играат ЖРК Металург и Вардар со почеток од 17 часот. Борејќи се за секоја топка и одбрана, овие две екипи ќе се обидат да остварат победа со цел да играат во финалето за титулата.
Ѓорче Петров ЖРК и Шампион играат во вториот полуфинален натпревар со почеток од 19:30 часот. Од двата тима се очекува да покажат одлична игра и неизвесност до крај .
Утре ќе се играат натпреварите за медал. Натпреварот за трето место ќе се игра во 17 часот, а за титулата натпреварот е закажан од 19:30 часот.
Спортот ги обединува луѓето, па овој турнир ќе биде прекрасна можност за нашата заедница да се собере и да ги прослави достигнувањата на овие млади и впечатливи девојки и нивните успеси.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
МЛАДИНСКА ЖЕНСКА ЛИГА – Ф4
20.05.2023 – САБОТА
17:00 часот ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК ВАРДАР
19:30 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ШАМПИОН
21.05.2023 – НЕДЕЛА
17:00 часот НАТПРЕВАР ЗА 3-то МЕСТО
19:30 часот ФИНАЛЕ
Ивона Кимовска