Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, пред вториот натпреварот со Интер на „Сан Сиро“, одржа прес-конференција во која истакна дека ова е сосема друг натпревар во однос на првиот и дека Милан има потенцијал и искуство за финалето во Лигата на шампионите.
„Ќе мораме да бидеме избалансирани, компактни и да играме како екипа што може да ги победи нашите противници. Знаеме колку ќе биде важен првиот гол, без разлика во која минута ќе биде постигнат. Почнавме да зборуваме за овој натпревар уште во недела наутро. Имаме само една шанса и мора да го одиграме овој натпревар со исклучителен став. Расположението во тренинг центарот е расположението на една екипа која знае дека сè уште има големи шанси, па затоа се фокусирани и решени, со огромна желба, да постигнат успех и покрај тоа што шансите се против нив. Малкумина би замислиле дека Милан ќе дојде до полуфиналето, но сега сакаме да одиме во финалето. Првиот натпревар не беше она што го сакавме, но сега е сосема друг натпревар.“ – вели тренерот на Милан, Стефано Пиоли.
Во екипата на Милан се враќа Рафаел Леао, кој игра фантастична сезона, но и беше клучниот играч за влез на „росонерите“ во полуфиналето.
Избраниците на Пиоли, надежта за пласман во финалето ќе ја бараат вечерва, во второто миланско дерби од полуфиналето на Лигата на шампионите со почеток од 21:00 часот.