Новиот шампион во Италија, тимот на Наполи, очигледно уште слави по освоената титула, па избраниците на Спалети одиграа слаб натпревар и загубија на гостувањето кај Монца.

Домаќините го отворија резултатот преку Дени Мота во 19-тата минута, кој го искористи додавањето на Песина и го совлада Голини.

Монца беше подобар противник на целиот натпревар а потврдата за тоа стигна во вториот дел преку Петања, кој во 53-тата минута зголеми на 2:0, што беше и конечен резултат.

Нашиот репрезентативец Елмас беше стартер и одигра 62 минути кога беше заменет од Политано.