Шампионот во Премиер лигата Манчестер Сити е пред одбрана на титулата откако во дуелот од 36.коло на Гудисон Парк во Ливерпул го совлада Евертон со 3:0 и со тоа чекор поблиску до одбрана на титулата во Премиер лигата. За разлика од нив нивниот денешен ривал Евертон со поразот остана во зоната за испаѓање особено што има само бод повеќе од Лидс и два од Лестер, кој својот дуел од оваа рунда го игра утре на домашен терен со Ливерпул.

„Граѓаните“ дуелот со Евертон го решија за три минути. Дуелот беше рамноправен до 37.та минута, кога капитенот на М.Сити Илкај Гундоган го постигна првиот гол за водство од 1:0. За две минути веќе беше 2:0 за М.Сити со голот на Ерлинг Халанд. Конечните 3:0 ги постави Гундоган со вториот свој гол, а трет за екипата во 51.та минута од слободен удар.

Манчестер Сити има 85 бодови од 35 натпревари, додека Арсенал има 81 од ист број натпревари, но дуелот од оваа рунда го игра попладнево на домашен терен против Брајтон. Евертон е на 17.то место (кое значи опстанок) со 32 бода, но само еден повеќе од Лидс и два од Лестер, додека Саутемптон ја напушта Премиер лигата со 24 бода е последен.

На вториот натпревар одигран попладнево Брентфорд го победи Вест Хем со 2:0 (стрелци Брајан Мбуемо 20.минута и Јоане Виса 43.минута).