Торинскиот гигант Јувентус во свој стил успеа да се спаси од пораз на домашен терен од Севиља, откако дефанзивецот Федерико Гати со гол со глава во финишот донесе изедначува 1:1.
Гостите влегоа подобро во натпреварот и имаа повеќе од играта, што резултираше и со првата голема шанса која ја пропушти Лукас Окампос во 17-тата минута.
Само две минути подоцна видовме голема шанса на спротивната страна, кога Душан Влаховиќ од непосредна близина шутираше над голот.
Во 26-тата минута го видовме и првиот погодок, кога Окампос одлично додаде а Ен Несури го матираше Шчесни за шок на домашните навивачи.
Старата Дама го немаше потребниот ритам и никако не успеваше посериозно да се закани кон противничкиот гол. Во текот на целиот натпревар многу поблиску бевме до втор на гостите отколку изедначување.
Сепак, Јувентус не би бил Јувентус доколку не успеа да се извлече и од вака слаб натпревар. Во финишот на натпреварот пред истекот на последната минута од надополнувањето, домаќините добија корнер.
Истиот одлично го изведе Федерико Киеза, најпрвин Данило ја зафати топката со глава, кога стигна до Погба кој ја врати во петерецот а таму највисок и најбрз беше Федерико Гати, кој ја затресе противничката мрежа за голема радост на трибините.
Реванш натпреварот е за седум дена во Шпанија, а таму се почнува од нула со оглед на тоа дека не важи правилото за гол во гости.