Главниот фаворит за титула во Конференциската Лига според прикажаното, Фиорентина претрпе изненадувачки пораз на домашен терен швајцарскиот претставник Базел со победата од 1:2 на гостувањето во Фиренца се многу поблиску до пласман во финалето на Конференциската Лига.

Се тргна според планираното за домаќините откако Кабрал во 25 минута го отвори резултатот. Предноста на домаќините беше на сила се до 71-та минута кога Базел изедначи  со голот на Диоф.

Главниот херој за швајцарскиот гигант беше Амдуни кој во последните моменти од натпреварот го матира противничкиот голман и го замолкна преполниот ,,Артемио Франки” донесе голема радост за гостинските навивачи.

Реванш натпреварот се игра за 7 дена, каде Базел на свој терен ќе се обиде да ја одбрани предноста и да приреди изненадување