Eкипите на Аеродром и на Голден Арт се пласираа во финалето од пионерската конкуренцијаво ракомет.
Аеродром извојуваше победа над МРК Куманово во полуфиналето со резултат 17:12. Првата половина стартуваше израмнето до 10.та минута. Но, останатиот дел од натпреварот Аеродром одржуваше водство. На полувреме резултатот беше 7:4 за екипата на Аеродром. Второто полувреме „аеродромци“ ја зголемуваа разликата и во 25.та минута имаа +5. Куманово се обидуваше да ја намали разликата, но не успеаа и крајниот резултат беше 17:12 за домашната екипа.
Екипата на Голден Арт оствари победа против Еурофарм Пелистер со резултат 23:19.
Еурофарм Пелистер успеа со серија 3-0 да поведе за 5-2. Но, Голден Арт не се откажаа па успеаја да израмни и да поведе со +2. На полувреме резултатот беше 10:8 за Голден Арт. Во второто дел Голден Арт ја зголемуваше разликата и во 27.та минута имаа +6. До крајот Голден Арт не дозволи никакво изненадување и успеаа да остварат победа и да се пласира во финале со резултат 23:19.
Натпреварите за медал ќе се играат попладнево најпрвин е дуелот за 3.место од 17 часот, а веднаш по него во 18.45 часот ќе се игра финалниот натпревар.
Ивона Кимовска