ТФТ или Еуро Никел попладнево ќе му се приклучат на МЗТ во полуфиналето

Остануваат уште две празни места за полуфиналето од плеј-офот на машката кошаркарска Прва лига. Денеска се играат два натпревари о и тоа решавачки „мајсторки“ во четвртфиналето, по кои ќе ги дознаеме екипи што ќе им се приклучат на шампионот МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ Моцарт, односно кои ќе бидат нивните противници.

Првиот натпревар ќе се игра во Гостивар каде истоимената домашна екипа го пречекува повеќекратниот шампион Работнички. Гостиварци убедливо загубија на гостувањето во Скопје, но затоа, кого во прашање се натпреварите пред домашната публика, тие се „не совладливи“. Ќе ја продолжат ли кошаркарите на Гостивар победничката, домашна низа, останува да видиме во натпреварот што започнува до 18 часот. Исходот од овој натпревар го очекува и МЗТ Скопје Аеродром за да го дознае противникот во полуфиналето.

ТФТ Моцарт ќе почека нешто повеќе од МЗТ, бидејќи тимот противникот на екипата од скопската населба Тафталиџе, ќе го дознаеме по натпреварот во Битола што ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути. Во него Пелистер за противник ја има екипата на Феникс, која се покажа како „тврд орев“ за зелено-белите. Впрочем првиот дуел во Битола домаќините го добија само со 4 поени разлика, а во реваншот во Скопје загубија со 2 разлика. Ќе ја потврдат ли конечно пелистерци улогата на фаворит во дуелот со скопската екипа, останува да видиме.

ПЛЕЈ-ОФ 1/4 ФИНАЛЕ (МАЈСТОРКА)
НЕДЕЛА
18.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ (1:1)
20.30 ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС (1:1)
САБОТА
ТФТ МОЦАРТ – ЕУРО НИКЕЛ 73-59 (2:1)

ПОЛУФИНАЛЕ:
(1) МЗТ СКОПЈЕ А. – (4) Гостивар / Работнички
(2) Пелистер / Феникс – (3) ТФТ МОЦАРТ