Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 17 часот, ќе се одиграат сите пет натпревари од 31-тото коло.

Ако во претходното коло го дознавме патникот во Втора лига, ова коло можеме да го добиеме новиот шампион. Струга Трим Лум за да стигне до титулата ова коло, потребно е пред се да си ја завршат својата работа и да слават на домашен терен со Силекс, а потоа да се надеваат дека Шкендија нема да слави во Чаир. Но, доколку не успеат да победат со Силекс, без разлика на резултатот во Чаир, Струга нема да е шампион ова коло.

Освен во Струга, интересен натпревар не очекува и во Скопје, каде што ќе се одигра дербито помеѓу Шкупи и Шкендија. Бидејќи натпреварот во Струга се игра во ист термин и двете екипи ќе се обидат да стигнат до победата и да се надеваат дека Силекс успеал да извлече позитивен резултат во Струга. Во секој случај во Чаир не очекува пеколен фудбал.

Академија Пандев на домашен терен ја дочекува екипата на Тиквеш и ќе се обиде со победа да се оддалечи на плус седум од Скопје, кој ова коло е слободен и официјално да успее да го избегне баражот за втора лига.

На останатите два натпревари Работнички ќе ги одмери силите со Брегалница, додека Македонија Ѓорче Петров ја дочекува веќе испаднатата Победа.

ПРВА ЛИГА 31.КОЛО (17 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА
Слободна е екипата на Скопје

ТАБЕЛА
1 СТРУГА 59 бодови
2 ШКЕНДИЈА 54
3 ШКУПИ 52
4 СИЛЕКС 44
5 БРЕГАЛНИЦА 37
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 36
7 РАБОТНИЧКИ 34
8 ТИКВЕШ 31
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 26
10 СКОПЈЕ 22
11 ПОБЕДА 13

Филип Василевски