Натпреварот од седмото коло од женската Супер лига меѓу екипите на ЖРК Металур и Чаир што требаше денес да се одигра попладнево (12:30 часот) во салата Автокоманда, не се одигра.

Имено, причината за тоа се неисплатени плати на ракометарките и стручниот штаб на Металург.

Претседателката на клубот Зорица Блажевска изјави дека тешко иде со реализација на ваучерите овој период и ги разбира девојките и нивната одлука.

ЖРК Металург на 12 мај треба да игра во полуфинале од Купот на Македонија што ќе се одржи во Охрид, против екипата на Куманово, но дали до следните 5-6 дена проблемот ќе биде надминат и дали ракометарките на Металург ќе играат во Купот останува да се види.

Потсетување дека вчера се одиграа два натпревари од ова коло.
Иако Ѓорче Петров загуби од Куманово сепак Ѓорчепетровки имаа причина за радост бидејќи го кренаа новиот шампионски трофеј.

Вардарки пак лесно стигнаа до победа на гостувањето кај Стружанка.

Во последниот натпревар, утре ќе играат Овче Поле и Пелистер.

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ 7 КОЛО
ПЕТОК
СТРУЖАНКА – ВАРДАР
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО
САБОТА
МЕТАЛУРГ – ЧАИР неодигран
НЕДЕЛА
19.00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 34 бодови
2. КУМАНОВО 28
3. ЧАИР 27 (-1)
4. ВАРДАР 22
5. МЕТАЛУРГ 19 (-1)
6. ПЕЛИСТЕР 10
7. СТРУЖАНКА 3
8. ОВЧЕ ПОЛЕ 3

Ивона Кимовска