Кошаркарските возбудувања во домашното, македонско, првенство продолжуваат денеска и утре со три натпревари од плеј-офот и тоа решавачки „мајсторки“.

На програмата се третите дуелите од четвртфиналето во по кои треба да ги дознаеме екипи што ќе му се приклучат на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналната рунда.

Првиот натпревар се игра денеска во Скопје во кој ТФТ Моцарт го пречекува Еуро Никел. На претходните две средби, домашниот терен не беше предност, а како ќе биде денеска останува да видиме во натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 17 часот.

Затоа пак во утрешните натпревари во Гостивар и Битола, домаќините ќе ја имаат улогата на фаворити, не само поради подобриот пласман во регуларниот дел од првенството, туку и поради фактот дека Гостивар и Пелистер пред своите симпатизери забележаа победи во првите натпревари со Работнички и Феникс.

Потсетување, дека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром веќе обезбеди место во полуфиналето совладувајќи го во два натпревари Кожув.

Покрај плеј-офот, денеска ќе се одиграат и два натпревари во плеј-ат конкуренцијата во која Чаир и Академија ФМП имаат шанса уште сега да си го осигураат своето место во прволигашката конкуренција и следната сезона.

ПЛЕЈ-ОФ 1/4 ФИНАЛЕ (МАЈСТОРКА)
САБОТА
17.00 ТФТ МОЦАРТ – ЕУРО НИКЕЛ (1:1) МРТ
НЕДЕЛА
18.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ (1:1)
20.30 ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС (1:1)

ПОЛУФИНАЛЕ:
МЗТ СКОПЈЕ А.–Гостивар/Работнички
Пелистер/Феникс–ТФТ Моцарт/Еуро Никел

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 2.КОЛО
САБОТА

19.00 КУМАНОВО – ЧАИР
17.00 СТРУМИЦА – АКАДЕМИЈА ФМП

ТАБЕЛА
1.Чаир 13 бодови (6-1 победи-порази)
2.Академија ФМП 11 (5-2)
3.Куманово 9 (2-5)
4.Струмица 8 (1-6)