Интер со ,,шестка” го порази Верона на вечерашниот натпревар од 33.коло во најсилната италијанска лига, Серија А.
Екипата од Верона го започна натпреварот со автоголот на Гаич, со што ,,неро-аѕурите” се стекнаа со водство во 31-та минута.
За краток период следеа уште два погодоци за Интер, преку Чалханоглу (36) и Џеко (38) кои го зголемија резултатот на 3-0 за гостите.
Второто полувреме беше слично, со тоа што екипата на Инзаги доминираше и постигна уште три погодоци во мрежата на Монтипо. Два реализираше Мартинез (55 и 92-минута), а во меѓувреме (61) Един Џеко го постига својот втор гол за конечни 6-0 за Интер.
Тимот од Милано со оваа победа останува на четвртото место со 60 поени, три зад Јувентус кој без казната се искачија на третото место со 63 поени.