Борусија Дортмунд со убедлива победа од 4-0 против Ајнтрахт Франкфурт се врати на победнички колосек и се врати на првото места откако лидерот до оваа коло Баерн Минхен претрпе пораз на гостувањето кај Мајнц.
Младиот Белингам прв го ,,начна” противникот во 19 минута кога со одличен удар од шеснаесетникот го совлада голманот.
Само пет минути подоцна Адејеми асистираше а Мален ја спроведе топката во мрежата за предност од 2-0.
Ајтрахт конечно покажа знаци на живот и имаше две големи шанси за гол преку Бута и Геце но Грегот Кобел беше на висина на задачата.
Откако Ајтрахт не ги искористи своите прилики, слеваше нова казна па веќе во 40-тата минута ,,Милионерите” имаа предност од високи 3-0 по голот на Матс Хумелс.
За целосен потоп на гостите од Франкфурт се погрижи Мален кој со својот втор гол зголеми на убедливи 4-0.
Со оваа победа Дортмунд се искачи на првото место, поминувајќи го Баерн Минхен кој „киксна“ против Мајнц попладнево.