Радослав Стојановиќ селекторот на кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија, го објавуваат списокот на повикани ракометари за собир и настап на натпреварите против Хрватска.
На списокот на Стојановиќ се 22-ца ракометари од генерацијата 2004-та, кои ќе конкурираат за место во тимот, кои во рамки на ЕХФ неделата ќе одигра два контролни натпревари против врсниците од Хрватска.
Од повиканите само тројца интернационалци: Давид Брестовац од германскиот Котбус, Мирче Калајџиоски од словенечкиот Госист Слован и новајлијата Борјан Дамјаноски кој настапува во Грац, Австрија.
Собирот на репрезентативците е закажан за 24 април во 16 часот, а натпреварите се предвидени да се одиграат на 27 и 28 април (четврток и петок) со почеток од 18 часот, во Прелог, Хрватска.