Ракометарките на Металург забележаа победа против Пелистер во 4.коло од плеј-офот во женската Супер Лига со резултат 28-24 .

Екипата на Пелистер влезе многу мотивирана и го отвори натпреварот со 2-0. Металург успеа да ги стигне, но гостите не попуштија и поведоа со 4-2. Металург не дозвол да се зголеми разликата, па по израмнувањето на 5-5, со серија од 4-0 поведоа со 9-5.

Металург успеваше да држи разлика за на крајот на полувремето да се замине со резултат 16-12 за домаќините.

Втората половина започна со гол на Металург за 17-12 за +5. Битолчанки се трудеа да ја намалат разликата, но домаќините не им дозволија. Во 40-тата минута ракометарките на Металург зголемија на шест разлика што беше максимална на овој натпревар.

Гостите со серија 4-0 успеаја да намалат на 22-20, но немаа доволно сили за комплетен пресврт па Металург славеше со конелни 28-24.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ива Младеновска со 7 погодоци, а кај поразената екипа Франсоа Мари постигна еден помалку (6).

Металург со оваа победа се израмни со бодови со Вардар и двете екипи имаат по 16 бода во моментов, но вардарки вечерва ќе игра против екипата на Овче Поле во 20 часот.

Ивона Кимовска