Кошаркарите на МЗТ Скопје Aеродром вечерва ќе го играат вториот натпревар во ФИБА Eврокупот.
Македонскиот првак повторно пред своите навивачи има можност за прва радост. Сино-белите за противник ќе имаат естонската екипа Tарту.
Двата тима во првото коло стартуваа со порази. Аеродромци загубија од грчкиот и Ираклис, а и Тарту ва пред своите навивачи беше поразен од Џики Варшава.
Желбата за прва радост секако е присутна, потребно е да се одигра максима максимално во текот на целиот натпревар, вели искусниот Војдан Стојаноски.
„Нѐ чека тежок меч. Треба да бидеме цврсти и да влеземе со огромна енергија во одбраната. Доколку сме на нашето ниво низ целиот дуел, очекувам позитивен резултат на крајот. Секако со поддршка од нашите верни навивачи, чија помош ни значи навистина многу“, изјави Војдан.
И овој пат од таборот на македонскиот првак организираат забава за своите навивачи пред натпреварот, пред СЦ „Јане Сандански“. Најпрецизните во слободни фрлања ќе имаат можност да добијат вредни награди.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Тарту ќе почне во терминот 18.30 часот а ќе може во да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

































