„Кучињата лаат караванот си врви“ – ова е фудбалската мизерија на Македонија. Изминатиот период во фокусот на вниманието на македонската и спортска јавност беше фудбалот.

Шест македонски репрезентации одигра што официјални, што контролни (пријателски) натпревари. И кога се заврши редно некој да направи сублимат на постигнатото или подобро речено не постигнатото.

Учинокот на македонските репрезентации 15 – 2:2:1

Севкупниот биланс е мизерен. 15 одиграни натпревари македонија забележала само 2 победи , на исто толку (2) натпревари извлекла „реми“, а дури 11 пати поразена.

Во сенка на дебаклот на сениорската „А“ репрезентацијата, која нели никако не може да постигне гол „Ама ќе ни тргне, верува селекторот“, минаа настапите на помладите.

Победа забележаа македонските „надежи“, селекцијата до 17 години го совлада Луксембург со 4:1, а потоа одигра 1:1. Тоа е еден од двата нерешени изводи на македонските млади фудбалери. Вториот го имаше репрезентацијата до 21 година која во евро-квалификациите против Црна Гора одигра 1:1. Црногорците успеавме и да ги совладаме, во вториот дуел на репрезентациите до 18 години, а првиот го загубивме.

Победа и реми против ист противник, Луксембург, имаше и селекцијата до 17 години. Онаа пак две години повод зарасната (У19) загуби од врсниците од Луксембург. Два порази од русите претрпеа и најмладите македонски репрезентативци (до 16 години).

И сега може да се сублимира!

Селекторот на сениорите Гоце Седлоски, но и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, постојано потенцираат „ПОДМЛАДУВАМЕ“.

Гледајќи ги резултатите логички се поставува прашањето – Со што (кои) тоа ќе подмладуваме !?

Вината, затоа што немаме млади играчи, а имаме лоши резултати, претседателот на ФФМ, Омерагиќ во ја гледа кај минатите раководства. Ова меѓу останатото Омерагиќ го изјави во интервју за ТВ Сител.

„Па, тоа е веќе прашања за тие што беа пред нас, односно пред мене. Тоа е резултат на работењето со младите селекции во минатите години.

Ние сега гледаме дека немаме преголем избор за тоа што можеме да го регрутираме за репрезентација“ изјави Омерагиќ.

Тој побара од македонската спортска јавност трпение, и најави дека со текот на времето ќе дојдат резултатите. А да, токму резултатите се мерило и „магнет“ за навивачите да дојдат на стадионите.

Сега кога ќе се погледнат резултатите само за десетина дена (2:2:11 | победи-нерешени-порази), јасно е зошто трибините се празна. Но, да не ги заборавиме и цените на картите!

За нешто повеќе од еден месец Македонија чекаат нови натпревари. Сениорите ќе ги одиграат последните два со Шкотска и Словенија во лигата на нациите. Младинската репрезентација до 19 години, ќе ги почне натпреварите во „Б“ лигата од квалификациите Европскиот шампионат.

Време за многу корекција Македонија нема, а спортската пред сѐ фудбалска јавност сака резултати.

Ако повторно ги нема, тогаш прашање е дали освен за залутаниот Мурџо, ќе има некој друг на трибините на стадионот!!!

Но, водејќи се од народната „кучињата лаат караванот си врви“, тешко е да се поверува дека нешто драстично ќе се смени.

Времето ќе покаже, (ене го каде е ноември), се согласуваме со претседателот.