Одбојкарките на Работнички се првите освојувачки на Суперкупот на Македонија во женска конкуренција.

На првото издание од ова натпреварување, кое од годинава го носи името на легендарниот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, работнички беше подобар од скопскиот ривал Вардар ЕМ.

Мечот одигран во Тетово актуелните шампионки го добија во три сет 3:0. Во првиот работнички беше доминантен па на вардарки им препушти само 16 поени. Во вториот свет се водеше голема битка за секој поен . Израмнето се играше се до самата завршница кога на семафорот стоеше резултатот 23-23. Шампионките успеаја да врзат два поени и да го добијат сетот со 25-23. И во третиот сет повторно неизвесност. Вардарки беа рамноправни од ривалки, но немаа сили за нешто повеќе. Одбојкарките на Работнички го добија и тој сет со 25-21 и можеа да се радуваат на трофејот.

Претходно во машкото финале Штип УГД во три сета беше подобар од велешки Борец.

Суперкупот на Македонија практично е увертира на новата клупска сезона во македонската одбојка.