Екипите на Бремен и Фрајбург одиграа врвен натпревар на кој гостите на крајот си освоија 3те бода за 5 минути.

Навидум се изгледаше дека ќе оди во правецот на домаќините кои со добра игра го отворија резултатот во 47-мата минута со голот на Максимилијан Филип.

Сепак, тие го контролираа мечот само до 67-та кога Роланд Салаи погоди за 1-1, а за помалку од 5-минути подоцна, Лукас Холер да запечати на 2-1 за гостите.

По овој натпревар Фрајбург остана на 5 позиција со 50 бода, но и натпревар повеќе од директните конкуренти за пласман во Лигата на шампиони, Лајпциг и Унион Берлин, кои имаат по 51 бод на 3-тата и 4-тата позиција. Бремен останува на 12.место со 32 освоени бодови.

Андреј Вељаноски