Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер, доведе ново странско засилување во своите редови. Станува збор за поранешниот член на францускиот гигант Пари Сен Жермен, Саду Нтанзи.
Новиот среден бек пелистерци има 26 години, доаѓа, а во Битола од бундеслигашот Мелсунген. Тој се обврза на договор на една сезона со нашиот клуб.
Нтанзи четири години беше член на ПСЖ и освои исто толку титули во шампионатот на Франција. Потоа мина една сезона во Феникс, една во унгарска Татабања, а минатата настапуваше за Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија. Тој ги има минато сите младински категории на француската репрезентација.
Покрај четирите титули со ПСЖ, со оваа екипа Нтанзи освои и еден Куп и Суперкуп. Со тимот на Мелсунген се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона, откако минатата година ја освоија Лигата на Европа.
Нтанзи ќе биде официјално претставен пред јавноста по неговото пристигнување во Битола.




































