Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година доживеа пораз од 2-3 од Русија во контролен натпревар во Скопје. Овој дуел донесе пораз на дебито за новиот селектор Александар Таневски на клупата на младите надежи.

Четири од петте голови беа постигнати од пенал. Македонскиот судија Игор Стојчевски беше „расположен“ за покажување на белата точка, а реално најголемиот дел од нив беа смешни одлуки.

Нашите фудбалери добро го отворија мечот и преку Мехмед, Масларов и Манојлов создадоа неколку опасни шанси. Сепак, гостите први дојдоа до водство откако Окишор во 36. минута реализираше пенал за 0-1.

Во второто полувреме Русија ја зголеми предноста со нов удар од белата точка преку Бобер во 57. минута. Македонија се врати во игра во 79. минута кога Ташовски беше прецизен од пенал за 1-2. Само две минути подоцна Ахмедов повторно ги оддалечи црвено-жолтите од позитивен резултат за 1-3. Во 90. минута Ташовски постигна уште еден гол од пенал и ги постави конечните 2-3. На овој дуел се истакна и голманот Вргов со неколку одлични интервенции на голот.

За Македонија следуваат последните два евро-квачлификациско натпревари против Црна Гора во Битола (1 октомври) и Шведска на гости (5 октомври).