Новата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена денеска. Со натпреварот во Куманово во борба за трофејот во Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“.

Актуелниот шампион и бранител на трофејот во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром за противник ќе го има домаќинот Куманово .

Toa ќе биде реприза на ланското финале во Купот во кое МЗТ Скопје до трофејот стигна совладувајќи ги кумановци.

„Нема поубава проба пред почетокот на првенството. Очекувам да биде спектакл, очекувам да биде полна сала.

Ние сме спремни да дадеме сè од себе. Имаме добар ростер, добри играчи, борбени играчи.
Очекувам да играме максимално агресивно во одбрана и публиката во Куманово да биде задоволна од нашето претставување“, вели тренерот на Куманово екс-македонски селектор Марин Докузовски .

И неговиот колега на спротивната страна Васко Атанасов со исти амбиции очекувања .

„За нас, традиционално, ова е некое отворање на сезоната. Суперкупот е еден од трофеите кои ние посакуваме да ги задржиме.

МЗТ Скопје е најдобар кога игра на гости и победува кога игра на гости. Тоа е одлика на големи екипи. Ние сме голема екипа, така што очекувам добра атмосфера, добра игра и, секако, да го задржиме трофејот кај нас“, вели Атанасов.


Чија желба на крајот ќе се исполни останува да видиме по натпреварот што ќе почне во 18 часот.