По елиминацијата на ГРК Тиквеш во првото коло, Македонија останува со тројца претставници во ЕХФ Европскиот куп. Охрид и Алкалоид последните двајца освојувачи на трофејот во ова натпреварување и тимот на Бутел денеска ги дознаа своите противници.
Одбраната на титулата Охрид ќе ја почне на домашен терен со салата „Биљанини извори“. Противник на охриѓани во двомечот ќе биде турскиот претставник Спор Тото.
И Алкалоид кој пред две сезони го освои трофејот во ова натпреварување, ќе почне пред својата публика во Автокоманда. Противник на популарните „фармацевти“ во втората елиминациска рунда против екипата на Ферлах од Австрија.
Третиот македонски тим во ова натпреварување, Бутел Скопје ќе се сретне со Горица од Хрватска, против која првиот меч ќе го игра на гостински, а реваншот на домашен терен.
Натпреварите ќе се играат на 17/18 октомври, односно 24/25 октомври.



































