Попладнево во Првата фудбалска лига, се одигра претпоследниот натпревар од седмото коло. Во Кратово, каде Силекс ќе ја пречека штипска Брегалница, дуелот заврши без победник 2-2.

Воведниот дел им припадна на домашните фудбалери. По акцијата на Шеро и Талаков, гостинскиот играч Благој Хаџи-Кимов несреќно ја затресе сопствената мрежа за водство на силекс од 1-0. Имаа кратовци уште неколку шанси пред се преку Хасукиќ но не успеаја да ја удвојат предноста. Во финишот на првиот дел штипјани имаа голема можност да дојдат до израмнување, но шансата не ја реализира Канаѓанецот, Маско.

Затоа пак во второто полувреме штипјани набрзина направија комплетен пресврт. По само четири минути игра (49), Брегалница израни на 1-1, а стрелец на голот беше Стојанов. Веќе во 67-минута беше 1-2 за гостите, а лошата проценка на домашниот голман Љупче Џеков ја казни Канаѓанецот, Маско.

Силекс имаше голема можност за израмнување во 72.минута, но ударот со глава на Србинот, Шуберт заврши во гредата. Затоа пак десет минути подоцна (82)нововлезениот Мишов ја казни грешката на целокупната одбрана на гостите, пред се голманот Јашар за израмнување на 2-2, што беше и конечен резултат.

Со по еден освоен бод, Силекс сега е шести со вкупно 8 колку што има и Аресими, а Брегалница е зад нив со бод помалку (7)

Во ова коло останува да се одигра уште удрениот натпревар (понеделник) меѓу Шкендија Арачиново и Скопје.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање