Екипата на Жалгирис сама си ја решава судбината, дали ќе игра или не во плејофот на Евролигата.
Литванскиот шампион, вечерва гостува во Минхен кај Баерн кој одамна ги загуби шансите за разигрувањето во натпревар од последното коло од регуларниот дел на сезоната.
На „Баварците“ овој натпревар ништо не им значи, но на Литванците многу. Само со победа Жалгирис ќе заврши меѓу осумте најдобри кои ќе играат во четвртфиналето.
Ваквата шанса им ја дадоа кошаркарите на Олимпијакос кои со победата над Басконија за обезбедија првата позиција на табелата, а водено шпанскиот тим го доведоа во ситуација да го чека исходот од натпреварот во Минхен.
Дали Жалгирис или Басконија ќе биде последниот четвртфиналист ќе дознаеме вечерва по натпреварот што ќе започне од 20.30 часот.
Освен овој натпревар и дуелите Партизан – Панатинаикос, односно Барселона – Валенсија ќе решаваат и за конечниот пласман на табелата, а со тоа и изгледот на четвртфиналните парови.
Засега е познат само еден, а тоа е дуелот меѓу Монако и Макаби кои завршуваат како 4-то и 5-то пласирани екипи.