Празнично дерби во Првата машка ракометна лига не очекува вечерва.

Во салата Автокоманда непоразениот досега тим на Мулти Есенс е пред нов предизвик да ја продолжи победничката низа.

Откако минатата недела успеа да го победи Голден Арт, сега младите ракометари на Мулти Есенс ќе бидат предизвикани од екипата на Аеродром.

Овој натпревар е од поголемо значење на гостите кои со 25 бодови се на третата позиција со тимот на Драчево, во трката за местата што водат следната сезона во суперлигашката конкуренција.
Драчевци вчера славеа на гостувањето кај Шампион и сега имаат три бодови повеќе од аеродромци, па затоа овој меч е исклучително важен за избраниците на тренерот Дарко Петровски.

Дербито меѓу Мулти Есенс и Аеродром започнува од 20 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА – ПЛЕЈОФ 4.КОЛО
МУЛТИ ЕСЕНС – АЕРОДРОРМ вечерва 20:00 часот
КИЧЕВО – МЕТАЛУРГ РА среда 17:00 часот
МЛАДОСТ – АСТРАИОН ХЕНДБОЛ 31 – 29
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – ЗРК ГОЛДЕН АРТ 34 – 34
ШАМПИОН – ДРАЧЕВО 28 – 31