Екипата на Интер Мајами доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Торонто со конечни 1-2 .

Тимот на Лионел Меси не успеа да избегне пораз и покрај голот во финишот на средбата.

Гостите ја искористија својата шанса во вториот дел кога Сарџент и Етјеф погодија за сигурно водство. Аргентинскиот ас Лионел Меси ја затресе мрежата во 83. минута по асистенција на де Пол. .

И покрај овој неочекуван пораз, домашниот тим останува на второто место на табелата со 39 бодови. Гостите од Канада стигнаа до 21 освоен бод и моментално се наоѓаат на десеттата позиција.